Никола Костески и Горан Крстевски во првиот натпревар во првенството на Австрија стартуваа со пораз. Нивниот Линц загуби на гостувањето кај третопласираниот тим од мината година Вествиен со 24:22. На 20 секунди до крајот натпреварот беше 22:22 но со две технички грешки тимот на Линц им ја подари победата на домаќинот. Костески постигна 4 голови, Крстевски имаше 1 погодок и 3 асистенции.



