Македонскиот интернационалец во Австрија во тимот на Линц, Никола Костески повторно се прикажа во одлично издание и постигна 5 погодоци од 6 обиди и со висок процент на реализација ја потврди својата констатна квалитетна игра во австрискиот шампионат.
Сепак неговата партија на терен не помогна неговиот тим Линц да забележи поволен резултат и загубија од Кремс со резултат од 33:30. Вториот интернационалец во Линц, Горан Крстевски успеа да постигне еден гол за својата екипа. Следен предизвик на Костески и Крстевски е тимот на Алпла Хард.



