Ракометарот кој остави голема трага во дресот на Вардар, Игор Карачиќ по седум годишна верност кон ,,Црвено-црните” бои побара нов предизвик во кариерата и се одлучи за полски Виве Келце каде потпиша тригодишен договор.
Хрватскиот репрезентативен среден бек со Вардар освои се што можеше да се освои и до крајот на оваа сезона ќе се обиде со Вардар да дојде до нови трофеи. Од лето ќе биде во полски Келце заедно со поранешните соиграчи Алекс Душебаев и Лука Циндриќ.



