Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следната сезона ќе биде еден од носителите на играта на МЗТ Скопје Аеродром, со оглед на двегодишниот договор кој лани го потпиша со тимот.
Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона во АБА2-лигата на 27 средби имаше просек од 8,9 поени и 3,4 скока како втор најдобар тројкаш (45/117) и најдобар изведувач на слободни фрлања (36/41) додека во домашното првенство на 34 натпревари просечно реализираше по 12,5 поени и 5,4 скока со најмногу постигнати тројки (64) и како втор најдобар во тимот според бројот на украдени топки (1,5 по меч).
Извор: mztskopjeaerodrom.mk



