Јапонското одморалиште Мисуги (Misugi) кое се наоѓа во јапонското село Токаи на само неколку чекори од пиварата Хинотани , нуди одмор со внатрешни и надворешни бањи, сауна, базен, спа и џакузи.
Главна атракција е што таму можете да се ослободите од стресот така што ќе се бањате во пиво. Релаксација од 45 минути во оваа бања ќе ве чинат околу 10 евра, односно по 14 евра во текот на летото.



