Во големото дерби од Женската лига Куманово стигна до победа против тимот на Металург од 25:23 (полувреме 15:9). Со оваа победа на последниот натпревар од Женската ракометна лига на Куманово се искачи на првото место со 34 поени (подобар меѓусебен дуел од Металург). Металург има уште еден натпревар дома против тимот на Стружанка .
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ 25:23 (полувреме 15:9)
Куманово: Јовановска (1одбранет седмерец), Марковиќ, Трајковиќ 4, Краљевска, Боризовска 4, Шарановиќ 4, Петковска, Стојчевска, Кипријановска 2, Наумовска (13 одбрани), Глигоријадис 3, Ивановска 3, Радевска, Цветановска, Дабевска 4, Димова 1.
Металург: Илјаз 1, Гугуљанова 2, Ивановска, Ѓорѓиевска, Гулицоска, Тасевска 4, Смајоска 1, Алексоска, Темелковска, Дамчевска. Калајџиевска 7, Граматова 1, Стефановска, Гичевска 7, Паскал, Владева.



