Заврши Светското првенство во Германија и Данска со домашниот триумф во Хернинг на Данска над Норвешка. Првенството траеше 17 дена во кој што финалистите одиграаа вкупно 10 натпревари, заедно со тимовите кои стигнаа до завршницата.
Во поголемиот број на репрезентации имаше повреди, а причината е тоа што репрезентациите одиграа многу натпревари за краток период. Францускиот голман Винсент Жерард е најгласен во критиките по завршувањето на Мундијалот и во изјава го кажува следново:
,,Се случи во 2017 година во 1/8 финале да испаднат Данска и Германија, а телевизиите кои плаќаат сакаат да пренесуваат спектакл, па од таа причини ИХФ го смени системот и го зголеми фондот на натпревари на ова Светско првенство. Сите ние професионални ракометари треба да делуваме заедно и да не дозволиме на наш грб некој да профитира и да го зголемува напорот, каде што освен што треба да одиграме 10 натпревари за 17 дена, во деновите кога имаме одмор мора да се селиме од еден град во друг, а ние веќе сменивме четири градови и тоа: Берлин, Келн, Хамбург и Хернинг. Мораме да го прекинеме овој циркус, затоа што ние ракометарите сме од крф и месо, да битни се Тв куќите, но ние мора да мислиме на нашето здравје”.



