Еурофарм Работник доживеаја два порази на пријателските натпревари против тимот на Железничар кои се одиграа синоќа и денеска во Ниш.
Денес на вториот меѓусебен дуел Железничар победи со 34-29 (полувреме 16-15). Најпрезизни во таборот на Битолчани беа Ѓукиќ со 10 и Остроушко со 8 голови, додека во тимот на Веселин Вујовиќ се истакна Бабиќ со 7 голови.
Во првиот меѓусебен натпревар, синоќа домаќинот Железничар славеше со 26-24, откако по првото полувреме Еурофарм Работник имаше предност од 10-15. Најефикасни кај Еурофарм Работник на првиот меч беа Филип Кузмановски со 9 гола и Ѓукиќ кој постигна 6 погодоци. Кај Железничар се истакна Живковиќ со 6 голови.



