Тунискиот лев бек Ваел Жалуз и ракометар на Барселона поради големиот пад на неговата форма, каталонскиот гигант ќе го позајми на францускиот второлигаш Шатрес со договор на позајмица до јуни 2020 година.
27-годишниот бомбардер кој претходно Барселона му го имаше отстапено на Бундес лигашот Фуксе Берлин својата форма ќе ја бара во Франција. Жалуз е еден од најдобрите бек шутери кои доаѓа надвор од Европскиот континент, а посебно е познат на македонската јавност затоа што кога настапува за репрезентацијата на Тунис секогаш е најголем проблем за македонската ракометна репрезентација на Мундијалите.



