Во 4-то коло во плеј-офот од Суперлигата, денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ Еурофарм Работник извојува победа против екипата на Пролет со 31:19 (полувреме 13:9).
Најефикасни за домашната екипа беа Кузмановски со 8 и Ѓукиќ со 6 постигнати голoви. Кај Пролет најефикасни беа Џонов и Филип Василевски со по 4 погодоци.



