Македонија по пауза од 12 години обезбеди медал од големо натпреварувањe oткако Владимир Егоров освои бронзен медал на ЕП во Романија. Егоров во Букурешт во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми го совлада Нурмагомед Гаџиев од Азербејџан и тоа на поени со 7-5, а претходно успеа да слави и против Муслим Садулаев од Русија и Леван Вартанов од Шпанија.



