Ентони Дејвис нема да го продолжи договорт со тимот на Њу Орлеанс и посакува што побрзо да биде трејдуван во екипа со која што ќе се бори за шампионскиот прстен. Дејвис официјално поднесе барање за трејд, иако со ,,Пеликанс” може да потпише петгодишен договор вреден 240 милиони долари. Неговиот сегашен договор важи до јуни 2020 година.
Кошаркарот веќе ги известил соиграчите и стручниот штаб за својата одлука, но сеуште не е позната неговата следна дестинација. Најсериозна опција е да замине во Лос Анџелес Лејкерс и тимот од ,,Градот на ангелите” бил спремен да ги трејдува тројцата кошаркари: Кајл Кузма, Ивица Зупча и Лонзо Бол за кошаркарот на Њу Орлеанс.
Ентони Дејвис е член од 2012 година во Њу Орлеанс Пеликанс, каде што пет пати играше Ол Стар натпревари, а три пати беше член на најдобрата петорка во НБА лигата во сезоните (2015, 2017 и 2018 година).



