Шампионот на БИБЛ лигата Блокотехна загуби од Гостивар пред своите гледачи со 94-98 (по четвртини 20-30, 22-18, 19-22, 33-28). Најефикаен во таборот на Блокотехна беше Пен со 36 поени, а кај Гостивар се истакнаа Шегариќ со 19 и Бојан Трајковски со дабл-дабл 18 поени и 11 скокови. Овој викенд следува завршниот турнир на Купот на Македонија во Гевгелија, а плејофот ќе продолжи наредниот викенд.



