Со почеток во 12:00 часот сениорската репрезентација на Македонија го игра вториот контролен натпревар против Црна Гора. Натпреварите се играат во салата во Автокоманда а влезот во салата е слободен.
Во првиот контролен натпревар сениорката репрезентација на Македонија загуби со резултат 21:22, на полувреме 13:13. Незивесноста на натпреварот траеше до самиот крај, во кој репрезентацијата на Црна Гора успеа да дојде до победата со погодок на Јелена Деспотовиќ на 10 секунди пред крајот на натпреварот. За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Елена Ѓорѓиевска со 7 погодоци, додека за селекцијата на Црна Гора беше Јелена Деспотович со 9 погодоци.
Официјален записник од вчерашниот натпревар
Гледајте во живо: MАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА!



