Во првото полуфинале на Купот на Македонија во женска конкуренција екипата на ЖКК Бадел 1862 ја совлада ЖКК Струга 2009 со конечни 59:40.
Тимот на Бадел успеа уште во првата четвртина да поведе и тоа водство да го одржува и зголемува во текот на целиот натпревар.
Во тимот на Бадел Адамовска со 16 кошеви беше најефикасна, додека во тимот на Струга со 10 кошеви беше најефикасна Шеќероска. 
КУП 2019: Бадел 1862 – Струга 2009 (ГАЛЕРИЈА)



