Во интересен и неизвесен натпревар од Асобал лигата во рамките на 19. коло Синфин на нашиот Дарко Димитриевски победи минимално против последнопласираниот Алкобендас на гостувањето со резултат од 25:26 со гол постигнат во последните моменти од мечот. Нашиот интернационалец Димитриевски постигна 4 погодоци, а неговиот тим Синфин се наоѓа на средината на табелата, а наредно коло ќе игра против Куенка.



