Полуфинале Плеј Оф во Женската лига
ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Струга 2009 63:54
(15:13;18:14;13:13;17:14)
За екипата на ЖКК Струга 2009 поените ги постигнаа Модева Г. 7п, Чолакоска И. 8п, Устијаноска М. 4п, Стојановска Т. 21п, Шеќероска А. 8п, Белеска Н. 3п. Кај домашните т.е. тимот на ЖКК Бадел 1862 најдобри беа Адамовска С. 21п и Лазаревска С. 18п.
По натпреварот тренерот на ЖКК Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ ја даде следната изјава :
Честитки до екипата на Бадел 1862 и со среќа во финале. На жалост не успеавме да се надминеме себеси и да се пласираме во финале. Нема зошто да жалиме, пред да го почнеме првенството поставивме цел да влезиме меѓу 4 и тоа го направивме, дури и регуларниот дел го завршивме како 3то пласирани. Презадоволен сум од девојките и ова ќе им биде големо искуство и школо за понатака.Сега останува регуларен дел од јуниорско и кадетско првенство и да изиграме финал4 на кои сме фаворити и ќе пробаме да освоиме.



