На завчерашниот натпревар од НБА лигата помеѓу Детроит Пистонс против Вашингтон Визардс кој им припадна на домаќините со резултат од 121:112 овој меч најмногу ќе се памети по судиите, односно кога во една ситуација топката ја презеде Бредли Бил и скоро се прошета во рекетот со топката во раце, а судиите сметаа дека нема чекори и оставија играта да продолжи.
Со оваа нивна одлука јавноста е незадоволна и сите се прашуваат каде ќе води ваквото катастрофално делење на правдата во НБА лигата. Затоа што во последно време се позачестени се лошите одлуки на арбитрите на терен. Во прилог и видео од ,,смешната” одлука на судиите:



