На меѓународниот силен турнир во Лесковац,Србија на ,,Србија Опен 2019″, по кој знае кој пат нашиот најуспешен спортист Бошко Стаменковски се закити со нови златни медали овој пат во дисциплината бенч-прес за натпреварувачи до 74 килограми.
Стаменковски беше единствен репрезент од нашата земја и на најдобар начин ја претстави Македонија. Златните медали ги освои со подигнати 132,5 килограми во бенч-прес дисциплините за натпреварувачи до 74 килограми и 74-М1.
Стаменковски повторно немаше вистинска конкуренција иако на натпреварувањето беа најдобрите бенчери од Балканот. На почетокот на септември Бошко Стаменковски ќе настапи на Светското првенство во пауерлифтинг кое ќе се одржи во Атлната,Сад.
https://www.facebook.com/bosko.stamenkovski.3/videos/2608571472495774/



