Лаурент Симонс има само 9 години, а веќе е студент. Тој има завршено средно училиште само за една и пол година, а основно за две. Неговиот ум е брилијантен. 9-годишниот Лаурент Симонс е најинтелигентното дете во Европа. Поседува максимален коефициент на Интелегенција. За она што тој го планира за во иднина никому не му кажува. Тој вели дека светот нема да го разбере, и ќе му се смеат. Како што би му се смееле ако им кажеше дека ќе се запише на деветгодишна возраст на факултет. И тој едноставно го направи тоа. Не само што студира на три престижни универзитети, но дури и авторот на една научна книга побара од него да ја преработи првата глава.
Екипа на ТВ-емисијата „Проверено“ на хрватската телевизија Нова отиде во Амстердам за да го запознае ова фасцинантно момче за кое светот допрва ќе слуша.



