Плишано мече подолго од 65 стапки или 20 метри и за кое биле потребни повеќе од три месеци за да се сошие, е прогласено за најголемо во светот, според Гинисовата книга на рекорди.
Мечето било мерено над пет часа од претставник на Гинис, за на крај тој да потврди дека тоа го соборило досегашниот рекорд плишаното мече на Дана Ворен од Канзас во 2008 година, кое било долго 16,7 метри.



