На Медитеранското карате првенство во Анталија,Турција во конкуренција на кадети, јуниори и постари јуниори, Македонија освои две одличја од кои што Фахик Весели во У-21 до 67 килограми освои златен медал, додека кадетот Бојан Костов до 52 килограми освои бронза.
Карате федерацијата на Македонија со уште 3 пласмани на 5 место на Медитеранското првенство во Анталија и тоа за: јуниорката Владанка Аврамова во категорија ката, Доан Османи во категоријата У-21 до 75 килограми и Јована Манчевска исто така освои петто место.
На конгресот кој се одржа на првенството на МКФУ, Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од четири години, а претседател останува и понатаму тунижанецот Бекир Шериф.



