Во малата сала од СЦ „Јане Сандански“ утре (понеделник) во 12 часот екипата на Еурофарм Работник ќе одигра контролна средба со Вардар. Тоа ќе биде нова шанса за „црвено-црните“ за воигрување пред заминувањето за Саудиска Арабија.
Пријателски натпревар ќе се одигра и со АЕК, но истиот ќе биде од затворен тип. Грчкиот тим го освои турнирот во Струга што се играше претходнава недела.Еурофарм Работник го освои второто место на турнирот во Струга во саботата, а заминуваат веднаш на нов турнир во Добој.Битолскиот тим заедно со Вардар ќе играат во СЕХА Гаспром лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите.



