Вардар на реваншот од 1/8 финалето во рамките на Лига шампиони во СЦ ,,Јане Сандански” го совлада регионалниот ривал ППД Загреб со резултат од 32:30 на полувреме 19:13. ,,Црвено-црните” одиграа со пола сили и рутинарано до нова победа и заверка на пласманот во 1/4 финалето.
После победата од првиот меч во Загреб со + 9 разлика, во Скопје, Вардар се задоволи со тримф од + 2 гола разлика, иако на полувреме домашните ракометари имаа позитива до + 6 гола. Најефикасен во победничкиот табор беше Иван Чупиќ со 9 гола, а него на листата на стрелци го следеа Дибиров и Калараш со по три постигнати гола.
Во тимот на ППД Загреб воедни и најефикасен на натпреварот заврши Златко Хорват со 11 гола. Во наредна фаза Вардар ќе го чека подобриот противник помеѓу Пик Сегед и Висла Плок каде предност од + 2 гола гола имаат унгарците по триумфот од 22:20.



