Талентираниот Македонски голман 18-годишниот Андреј Петковски син на поранешниот репрезентативец Зоран Петковски, спогодбено стави крај на соработката со Вардар Јуниор тим за кој бранеше мината сезона. Во моментов има понуди од неколку екипи од Суперлигата, но и од некои странски клубови. За која дестинација ќе се одлучи останува да видиме во наредниот период.



