МЗТ Скопје со убедлива победа од 110:88 над Слобода Тузла ја почна новата сезона АБА 2 лигата.
Нуни Омот беше фантастичен и постигна 33 поени со само едно промашување, и удар 6 од 6 за три поени. 
Дамјан Стојановски мечот го заврши со 16 поени, додека одлични беа и Крстевски со 13 и Магдески со 12 поени.
МЗТ Скопје во второто коло од АБА лигата, му гостува на тимот на Спарс во Сараево.



