Еурофарм Работник својот меч од ова коло во Лигата на Шампионите ќе го игра во недела од 17 часот пред своите симпатизери во Битола. Еурофарм Работник во рамките од Ц групата во недела во Битола ја пречекува ја пречекува финската екипа Кокс.
Гоце Ојлески
(капитен на РК Еурофарм Работник)
“Жалиме за пропуштените шанси на претходните три натпревари, но сметам дека на овој дуел имаме шанси за победа. Имаме проблеми со повредени ракометари, уморни сме, но системот и календарот се такви. Сите кои сме дел од составот ќе дадеме максимум и нема да ја испуштиме шансата да славиме победа”



