Ослабената Стружанка која денес играше без носителите на играта Маркоска, Јованоска и Делиоска загуби на гостувањето во Куманово со 30:19 (полувреме 15:8). За тимот на Стружанка стрелци беа: Дурацоска 9, Јовичанац 4, Петреска 3, Јоноска 1, Балоска 1, Дукоска 1. Кај Куманово најрасположена беше Трајковсиќ со 10 голови.



