Македонскиот бомбардер по кратката епизода во Охрид заминува за Швајцарија, каде што кариерата ќе ја продолжи во Сур Арау. Иако во Охрид не ја доби посакуваната минутажа, пред него е нов предизвик и можност за докажување на швајцарската ракометна сцена.
Сур Арау се натпреварува во елитната прва лига на Швајцарија, но моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата и се бори за опстанок.
Во новиот клуб македонскиот ракометар ќе има можност да се наметне, а таму ќе го затекне и поранешниот репрезентативен колега Мартин Поповски, кој веќе подолго време настапува во швајцарскиот ракомет и бележи добри перформанси.
Нова средина, нов предизвик и можност за поголема минутажа – македонскиот бомбардер ја продолжува кариерата во Швајцарија!



