Македонија загуби од Јапонија со 22:31 (полувреме 11:15). Maкедонија одигра катастрофален меч каде што тактички бевме очајни, кондиционо неспремни и брзите Јапонци ни одржаа ракометна лекција. Единствени кои заслужија пофалба во нашиот состав денес беа одличниот како и на секој меч Ненад Костески со 8 голови и неколку пресечени топки и фантастичниот голман Андреј Петковски кој во вториот одбрани дури 6-7 зицери. Сепак нашите ракометари правеа премногу грешки и во нападот и во одбраната и Јапонија сосема заслужено се радуваше на победа.



