„Нашите мисли се насочени кон сабота и натпреварот против Монпелје. Сепак, играчки мораме да го одработиме дуелот против ППД Загреб. Сигурни сме за Ф4 турнирот во СЕХА, но тоа не значи ништо. Во Загреб има квалитет. Овој тим игра во Лигата на шампионите и игра добро. Имаат повредени ракометари од последниот дуел и сигурно ќе има квалитет”, изјави Игор Карачиќ.



