Џенова на својот Твитер профил напиша: „Еј Сири, пушти ја плеј-листата Горан Пандев“, мислејќи на опцијата за гласовно пребарување на мобилните телефони.
На ваков оригинален начин Џенова го претстави Горан Пандев кој ќе игра и наредната сезона во Сеија А. Најдобриот македонски фудбалер во историјата, го продолжи договорот со Џенова до 30 јуни 2022 година.