Најдобрата македонска одбојкарска репрезентација во периодот од 1-19 септември ќе учествува на претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во четири земји (Полска, Чешка, Естонија и Финска) .Нашите одбојкари се сместени во групата „Ц“, во Тампере (Финска). Прв ривал ни е домаќинот Финска на 1 септември од 18.00 часот по македонско време, на 3 септември играме со Холандија, на 5 септември против Турција, следниот ден со Шпанија, а последен противник е Русија.
„Поминавме долг период заедно, уште од Европската лига во која што не бевме во вистинско светло, но ова е друг терен,помотивирани сме и се е поинаку. Ова е Европско првенство и не смееме да дозволуваме лесни грешки затоа што противниците тоа ќе го казнат поефикасно. Мислам дека сме подготвени и дека в среда натпреварот ќе заврши како што посакуваме, а тоа е победа за Македонија“, изјави еден од нашите најдобри репрезентативци Александар Љафтов.



