Уште една успешно завршена летна пливачка сезона. Задоволство и среќа е да се работи со деца.
Нивната насмевка ,кај нас предизвикува среќа и задоволство.
Вкупно 248 членови во нашиот клуб 3Дисциплинес ова лето. Сите регистрирани со пристапници во клубот.
Натпреварувачката група брои околу 79 членови од кои 38 само во делот триатлон,а исто 79 се само во пливачкиот натпреварувачки дел.Останатите 169 ја сочинуваа годинешната ПЛИВАЧКА ШКОЛА на 3Дисциплинес.
Можиме гордо да истакниме дека сите членови во пливачката школа оваа година научија да пливаат,дури и тие што пристигнаа на само 2 недели пред крајот. Впрочем и самата бројка покажува колку се трудиме околу дечината.
Триатлон клубот 3Дисциплинес е клуб со дејност спорт во сите три спорта пливање,велосипедизам и атлетика.
Благодарност до нашите помошни тренери :
Димитар Јованоски- државен првак во триатлон и дуатлон
Урош Трповски – професинален ватерполист поранешен Играч на Партизан Београд и од ова агодона подпиша нов договор за Раднички Крагујевац,по потекло од Струга(Вишни) ,кој летниот период тренира со нашите најдобри триатлонци.
Верица Митреска основач,член на 3Дисциплинес,поранешен државен првак во јуниор и сениори во триатлон,и одлична пливачка,освојувач на безброј први,втори и трети места на натпревари по пливање,на државно и меѓународно ниво.Поради завршување со магистратурата,не беше во можност да ни се посвети оваа година максимум,но од септември ако се продолжи на базен ја имаме повторно на располагање.
Исто така за сите дечина да имаат максимална посветеност кон тренингот,беа задолжени и нашите најдобри триатлонки и пливачки ,Олса Орани и Тија Кукунешоска како и нашиот Стружанец Матео Матоски или подобро познат како Боки од детска емисија ,,Зоки -поки”
Благодарност до Пицерија Прова за недебичната поддршка за спортот во Струга,пливањето и триатлонот.
За останатите членови што не дојдоја денес поради оправдани причини ,ке имаѓе во понеделник на 30.август уште едно прогласување и сликање со нив за да ги искористиме сликите во изработка за годинешниот календар од клубот .
Поздрав и благодарност до сите останати што на некој начин помогнаа оваа пливачка сезона да биде успешна.
Се надеваме на понатамошна работа во базенот на Struga Beach Hotel Mirage за што ке бидете дополнително известени.



