Откако славеше во саботата со 6:0 во првиот меч над израелскиот Делфинс Ашдод, вчера во Гевгелија македонскиот шампион КМФ Проект со 8:1 славеше против Цефн Друидс од Велс во прелиминарната рунда во футсал Лигата на шампионите.
Стрелци на головите беа Ранготов кој постигна три голови, по два Мехмединовиќ и Михајлов, а еден Мар. Тодоровски. На едно коло до крајот во групата „А“ по шест бодови имаат КМФ Проект (14:1 гол разлика) и Ст. Ендрјус (13:0) на делба на првото место и токму овие две екипи ќе играат во вторник



