Бојан Маџовски: Не го оспоруваме квалитетот на Мешков Брест, но ние се подготвуваме и веруваме во победа. Во целост сме задоволни од последните две недели, одигравме одлични натпревари. Иако последниот натпревар го загубивме, одигравме одлично. Полека почнуваме да се вклопуваме и амбиентот пред овој натпревар е одличен. Иако имавме краток период да се спремиме по турнирот во Струга, мислам дека ќе бидеме подготвени. Не би издвојувал никого од Мешков Брест. Скубе е одличен играч, но имаат и одлични десни крила, добро се покриени на голманската позиција. Се работи навистина за одличен тим.



