Неверојатни две четвртини одигра нашата машка сениорска репрезентација на вториот натпревар од „балонот“ во Скопје, против селекцијата на Словачка.
Ако во првата остваривме предност од (22:10), во онаа последната го „убивме“ противникот во поим. Со серија од (20-0) ставивме крај на осцилациите во втората односно третата четвртина. За голем, важен триумф.



