Тимот на Струга во новата сезона на позицијата десен бек ќе биде засилен со босанскиот џин Дино Мехиќ. Мехиќ кој е висок 207 cm минатата сезона дојде во Струга и тренираше со тимот но поради проблеми со документите немаше настап.
Покрај Мехиќ екипата на Струга во пресрет на новата сезона се засили со голманот Матовиќ и средниот бек Кастратовиќ од Црна Гора, пикерот Ѓорѓиевски и крилата Блажески и Јанковски.



