Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално е нов кошаркар на еден од најдобрите состави во Шпанија, Валенсија. Димитријевиќ се обврза на верност во наредните четири години
Кошаркарот на Хувентуд, нашиот Нено Димитријевиќ оваа сезона во Шпанија ја заврши со 10,6 поени, 1,5 скока и 3, 6 асистенции, додека во Евро Купот во просек имаше 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции.



