Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев го освои 9. место во трката на 25 километри на Европското првенство во пливање во Будимпешта, Унгарија. Фантастичниот Евгениј Поп Ацев заостана само една минута и 30 секунди зад новиот европски шампион Аксел Рејмонд од Франција кој триумфираше со време 4:35.59. Сребрениот медал на трката го освои Матео Фурлан од Италија со време од 4:36.05 часа, а трет беше Русинот Кирил Абросимов со време од 4:36.06 часа




