Согласно добиената дозвола од Комисија за заразни болести, со големо задоволство Ве известуваме дека првото издание на “Трка на Поезијата” во Струга е потврдено за 23 Мај 2021 година.
Ние како организатори се обрвзуваме да го спроведиме протоколот со максимално придржување на неговите одредби. Истото го очекуваме и од сите учесници кои ќе бидете вклучени на кој било начин во настанот.
Како прв атлетски градски настан со дозвола за одржување оваа година имаме обврска сите заедно да бидеме пример за добра организација и максимално придржување на мерките. Само така ќе успееме сите заедно полека да се вратиме на нормалното живеење.
Спортски поздрав, се гледаме на 23-ти Мај во Струга.



