Сениорска репрезентација на Македонија ќе биде сместена во третиот шешир за Европското првенство кое од 13 до 31 јануари следната година ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. Ждрепката ќе биде во четврток со почеток во 17 часот.
Шешири за ждрепката за ЕП:
Шешир 1: Хрватска, Шпанија, Португалија, Норвешка, Словенија, Германија,
Шешир 2: Австрија, Унгарија, Русија, Шведска, Србија, Данска
Шешир 3: Македонија, Словачка, Белорусија, Чешка, Франција, Исланд
Шешир 4: БиХ, Црна Гора, Холандија, Полска, Литванија, Украина



