РК Вардар 1961 во последното коло во групната фаза од регионалната СЕХА лига вчера на гостувањето кај екипата на РК Војводина беше поразен со 33:24 (полувреме 16:10). Поради ЕХФ неделата, Алушовски не можеше да смета на ракометари кои играат во репрезентациите, но пораз му одговараше на Вардар бидејќи така го избегнува Веспрем на патот до фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата.
Дибиров беше најдобар во Вардар со 9 голови, Калараш постигна 7 од 7, кај Војводина најефикасен беше Томиќ со 7 головии.



