Во 33.коло од шпанската лига Хувентут го победи Тенерифе со 90-85 и дојде на чекор од пласман во плеј-офот од шпанското првенство. Феноменална четврта четвртина одигра Ненад Димитријевиќ во која Македонскиот бек реализираше десет поени (2/2 за два и 2/2 за три поени).
Се заедно, одличната вечер Димитријевиќ ја заокружи со 23.реализирани поени (3/5 за три, 7/8 за два и 0/1 за еден поен), четири скока и две асистенции за 18:53 минути.



