Линц на Никола Костески во Австрискиот шампионат продолжува со својата грчевита борба за опстанок. Тие во мечот против Ремус загубија со минимален пораз од 28-27 (полувреме 19-16). Никола Костески беше трет стрелец во неговиот тим со 5 голови, на кои придодаде и 1 асистенција и 2 украдени топки кои за жал не беа доволни за победа.




