На официјалната прес конференција во пресрет на натпреварот против Германија од квалификациите за Светското првенство 2022 година селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски ја даде следнава изјава:
,,Германија не е фаворит само против нас, туку е фаворит на сите Светски и Европски првенства. Ова ќе биде специјален меч за нас и ќе биде задоволство да се игра со ваков противник. Очекувам возбудлив натпревар. Против силни противници играме добро. Верувам дека така ќе биде и вечерва. Ако се биде во ред со Велковски и Адеми ќе конкурираат во почетниот состав” – кажа на крај селекторот,Ангеловски.



