Дуелот од 13 коло во женската фудбалска лига на Мексико меѓу Хуарес и Керетаро заврши со сигурни 2:0 во корист на домаќините, а победата беше запечатена со мајсторија каква што ретко се гледа на терените.
Од околу 35 метри, Алварес Уерта наместо да нафрли, испрати силен и прецизен удар кон голот и го погоди горниот десен агол од мрежата. Во прилог и видео од прекрасниот гол на Алварес Уерта:



