Репрезентацијата на Македонија до 21 година славеше убедлива победа од 5:1 против соодветната селекција на Бугарија во последниот натпревар од меѓународниот турнир „Анталија Куп 2021″.
Македонија постигна два гола. Марио Илиевски во 15 минута го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Гроздановски во 30 минута. Потоа противникот успеа да го намали резултатот на 2:1. Во периодот од 65 до 75 минута Максимов постигна два погодоци. Убедливата победа од 5:1 ја запечати Калкан во 80 минута од средбата.
Меѓународниот контролен турнир во Анталија, нашата селекција го заврши со по една победа, пораз и нерешено. Во првото коло бевме поразени од Казахстан со 2:1, одигравме нерешено 2:2 против Словачка, а сигурна и убедлива победа од 5:1 издвојувавме над Бугарија.
МАКЕДОНИЈА до 21: 1. Давид Денковски, 3. Филип Антовски, 4. Марио Младеновски, 6. Александар Ѓурковски, 7. Агон Елези, 8. Енис Фазлагиќ, 10. Дарко Чурлинов, 14. Марио Илиевски, 17. Филип Алексовски, 20. Томче Гроздановски, 25. Арби Воша.



