Вардар покажа зошто е шампион на Македонија и во првото сезонско дерби убедливо славеше 35:27 над Еурофарм Пелистер, со што направи голем чекор напред кон одбрана на тронот во македонската домашна ракометна лига.

Најдобар стрелец кај Вардар беше Анте Гаџа со 7 гола, Дисингер имаше 6, пред Чупиќ со 5 гола, додека кај Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ имаше 8 гола, Граџан даде 6, а Периќ и Радовиќ стрелаа по е пати. За Вардар ова беше трета победа по три одиграни натпревари во плеј-офот, додека Еурофарм Пелистер го доживеа првиот пораз по исто така три одиграни средби.



