понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

Завршницата во Купот на Македонија во Струмица

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 23, 2021
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Од петок до недела во салата „Парк“ во Струмица ќе биде одржан завршниот турнир во македонскиот одбојкарски куп. Најдобрите четири екипи во машка и во женска конкуренција ќе се надигруваат за престижниот пехар пред камерите на Македонската радиотелевизија, а денешната ждрепка одреди полуфинале кај одбојкарите во коешто пресметка на фаворитите за трофејот е можна само во финалниот натпревар.

Најдобриот тим кај нас во последната деценија, Џио Струмица, ќе игра со третопласираниот состав во Првата лига, Вардар, а Универзитет во Тетово, кој што е на второто место во првенството, за противник го доби локалниот ривал Шкендија.

Според квалитетот, како и според досегашните резултати, очекувано финале е Џио Струмица – Универзитет во Тетово, затоа што овие две екипи ги добија сите сезонски мечеви со конкурентите во полуфиналето на купот. Кај дамите во најава се многу поинтересни пресметки.

Влез во полуфиналето обезбеди водечкиот квартет во шампионатот, Вардар жени 2019 ќе сервира против Работнички Скопје, а Струмица жени ќе оди на терен против водечката екипа во лигата Јанта Волеј Кисела вода.

Вардарки и освојувачките на двојнатакруна од пред две години, одбојкарките на Работнички Скопје, поделија по една победа на двата сезонски лигашки натпревара, а Јанта волеј Кисела вода славеше двапати против Струмица жени, во двата случаја на гостински терен, но за да направи уште еден чекор кон куп-пехарот, треба да оствари хет-трик во меѓусебните соочувања.

Струмичанки, се разбира, имаат поинакви амбиции. Како и да е, за очекување е да има многу возбудувања и неизвесни натпревари. Македонската радиотелевизија како медиумски партнер на ОФМ, на каналот МРТ-3 ќе ги пренесува сите шест средби од завршниот турнир.

Извор и фото: Одбојкарска федерација на Македонија @volleyballmkd 

ShareTweet
Претходна вест

Белгиец, преселен во Норвешка бира помеѓу Албанија или Косово

Следна вест

Јанта Волеј победи во дербито и се искачи на врвот на табелата

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Јанта Волеј победи во дербито и се искачи на врвот на табелата

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.